Чолаковски потпиша договор со Перт Глори

Младинскиот репрезентативец на Македонија Стефан Чолаковски ќе ја продолжи кариерата во Перт Глори. Тој во Перт преминува од редовите на Мелбурн Сити тим во кој ја помина целата кариера, а во сениорскиот тим е од 2019 година.

Тој вели дека е горд и возбуден што потпишал за тим како што е Перт Глори.

„Возбуден и горд сум што потпишав за Перт Глори. Едвај чекам да почнам. Од првиот момент кога се заинтересираа за мене, знаев дека ќе биде вистинскиот клуб. Перт е клуб со долга традиција и историја, еден од најреспектираните во Австралија“, напиша Чолаковски.

 

Се вчитува...