Чолаковски се раздели со Мелбурн сити, пред трансфер во Европа!?

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Стефан Чолаковски се раздели со австралискиот шампион Мелбурн сити.

По седум години настапи во дресот на Мелбурн сити, 21-годишниот Чолаковски се одлучи да му каже збогум на клубот во кој ја стекна својата фудбалска промоција.

„По седум години дојде време да се каже збогум. Минав прекрасна авантура во Мелбурн сити, каде дојдов на 15 години во Академијата и потоа играв важна улога во историската прва титула, а играв и во ЛШ. Сакам да им се заблагодарам на сите тренери кои од едно дете направија човек, ме изградија како фудбалер и личност и секогаш ќе им бидам благодарен. Им благодарам на сите соиграчи, на сите со кои низ годиниве уживавме и со кои направив доживотни пријателства. И на крај благодарност до навивачите, кои секогаш ќе имаат посебно место во моето срце. Сити беше и ќе остане мое семејство, а јас сега отворам ново поглавје во кариерата“ – објави Чолаковски.

Согласно дел од најавите, можен е трансфер на Чолаковски и на европскиот континент како би бил поблиску и до македонската репрезентација. Чолаковски дебитираше за младата репрезентација минатата година на натпреварот против Србија во квалификациите за ЕП 2023.

 

Се вчитува...