Некогашниот младински репрезентативец на Македонија, Стефан Чолаковски, се врати во голгетерска форма во дресот на Перт Глори.
Во натпреварот од А-лигата одигран викендов на гостувањето кај Оукленд, Чолаковски постигна гол во 57. минута за водство од 1-2 на својот тим. Натпреварот заврши со реми 2-2, а бодот е важен за Перт Глори во борбата за плеј-оф.
Ова е трет гол на Чолаковски во неговиот втор мандат во клубот и јасен знак дека напаѓачот успешно го надмина периодот по тешката повреда на вкрстените лигаменти и долгата рехабилитација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

