Атлетико Мадрид сака да ја засили одбраната и ќе се обиде во летниот преоден рок да го доведе стоперот на Тотенхем, Кристијан Ромеро, објавија британските медиуми.
Аргентинскиот репрезентативец пропушти 27 натпревари оваа сезона поради повреда на бутниот мускул и се врати на терените на 9. март. Неговиот сонародник, тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, смета дека Ромеро е еден од најдобрите стопери во светот.
Но, проблемот е што неговиот договор со „Спарс“ го обврзува до крајот на јуни 2027 година.
Ромеро неодамна го критикуваше раководството на Тотенхем во интервју за спортскиот канал на шпански јазик „Телемундо Депортес“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА