Жарко Чомагиќ и во следната сезона ќе го носи дресот на Карпош соколи, откако српскиот кошаркар потпиша нов едногодишен договор со актуелниот вицешампион на Македонија.
Станува збор за исклучително искусен кошаркар, кој пред да дојде во таборот на „соколите“ настапуваше за романскиот прволигаш Орадеа, ОКК Београд како и за Војводина, Познањ, Торун (Полска) и Фалко Тренд-оптика од Унгарија. Првите кошаркарски чекори ги има направено во САД и тоа во редовите на Универзитетот Северна Аризона.
Инаку, Карпош Соколи пред два дена почна со подготовките за новата сезона, во следните денови играчите ќе минат низ задолжителните лекарски прегледи, а се очекува в понеделник тренерот Борче Даскаловски да ги има на располагање и играчите од репрезентацијата, пред се новоангажираните Кирил Николовски и Стојан Ѓуроски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА