Српските ватерполисти направија фантастичен успех стигнувајќи до ново олимписко злато, уште повеќе ако се земе во предвид големата смена на генерации во претходните неколку години.
По првите неколку средби никој не ни помислуваше на вакво нешто, особено откако Србите беа убедливо поразени од Австрија и го освоија четвртото место во групата, едвај стигнувајќи до четвртфиналето. Душан Мандиќ, кој на крајот се закити и со МВП-признанието на ватерполо турнирот во Париз, обелодени дека главниот „виновник“ за воскреснувањето на српската репрезентација беше Новак Ѓоковиќ.
Имено, Србинот по освоеното злато на тенискиот турнир дошол да ги посети ватерполистите, а токму неговите совети целосно ја промениле амотсферата во националниот тим.
„Олимпискиот тунир беше долг и како што тоа е вообичаено со нас Србите, имаше и подеми и падови. Особено тежок пад беше оној по поразот од Австрија, меч на кој воопшто не личевме на себе. Морам јавно да му е заблагодарам на Новак Ѓоковиќ, кој тогаш дојде во посета. Бевме во собите, разговараме што и како, никому не му беше јасно, само се гледавме и немавме одговор. Тој влезе низ вратата, одржа говор и веднаш се гледаше дека тоа што го кажуваше, го мислеше од срце. Сето тоа допре до нас, ни даде дополнителна самодоверба и ни помогна да се кренеме кога ни беше најтешко“, изјави Душан Мандиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА