На денешен ден пред 26 години почина еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1, Аиртон Сена. Тој загина на 34. годишна возраст откако ја загуби контролата на својот болид при брзина од 300 километри на час и удри во ѕидот на свиокот Тамбурело на патеката „Енцо и Дино Ферари“ во Имола. Докторот и пријател на Сена Сид Воткинс сведочеше за последните моменти на бразилскиот виртуоз.
„Изгледаше безживотно. Му ги подигнав очните капаци, прегледувајќи му ги зениците, по што сфатив дека претрпел огромна повреда на мозокот. Го извлековме од кокпитот и го легнавме на земја. Откако го направивме тој воздивна, и иако не сум религизиозен почувствував како душата да излегува од неговото тело“, изјави тогаш Воткинс.
Сена беше трикратен светски шампион во Формула 1, а во 2009 година од страна на британскиот автомагазин „Автоспорт“ беше прогласен за најдобар возач на сите времиња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА