Човекот кој ги откри Кварацкелија, Хамшик и Мунтари доаѓа во Арсенал

Во претходните сезони, Наполи се истакнуваше со наоѓање играчи од помали области, кои потоа експлодираа и донесоа повеќекратна корист за клубот.

Важна улога во тој систем имаше Маурицио Микели, кој ќе го заврши вториот мандат во Неапол и наскоро ќе потпише договор со Арсенал.

Спортскиот директор Андреа Берта инсистираше на негово ангажирање, па ќе го преземе скаутинг-одделот кај „топчиите“.

Микели беше шеф на скаутинг тимот на Наполи од 2010 до 2015 година, а потоа повторно од 2018 година до сега. За време на неговиот престој во Неапол, тој откри играчи како што се Марек Хамшик, Ким и Квича Кварачелија, додека неговиот претходен период во Удинезе на сцената го претстави Сули Мунтари.

Се вчитува...