Човекот кој го урна ПСЖ е пред трансфер во Премиерлигата

Ботафого го воодушеви светот, а неговите клучни играчи долго време беа во бележниците на големите европски клубови. Најскапите фудбалери и најдобрите на теренот против европскиот првак, стоперот Жаир Куња и напаѓачот Игор Жежус би можеле во пакет да го засилат Нотингем Форест.

Бројни извори пишуваат дека интересот за „шумарите“ за овој тандем е од пред почетокот на Светското клупско првенство, но сега дополнителен проблем претставува фактот што после одличните настапи би можеле да се вклучат во битката и неколку други клубови.

Жезус го постигна победничкиот гол, има 24 години и еден од најдобрите напаѓачи во Јужна Америка. Куња, пак, е 20 годишен стопер кој блеска на ова Светско опрвенство, а беше лидерот на одбраната против ПСЖ.

Според информациите, Форест за двајцата ќе издвои 35 милиони евра.

Се вчитува...