Репрезентација на Косово и натаму нема селектор. Во моментов се шпекулира со неколку имиња, меѓу нив и човекот кој првпат ја однесе Албанија на ЕП, Џани де Бјази.
Де Бјази успеа да направи подвиг со Албанија и во 2014 да ја однесе оваа селекција на ЕП во Франција. Во меѓувреме, Де Бјази работеше во репрезентацијата на Азербејџан во последните три години, но не успеа да го повтори успехот. Овој искусен 67-годишен тренер беше и во неколку италијански клубови, како и во шпанските Леванде и Алавез.
Де Бјази во моментов е без ангажман по завршувањето на квалификациите за ЕП 2024.
Во опција за селекторт на Косово се споменува и Илир Даја, кој неколкупати се поврзуваше со клупата на Шкендија. Претседателот на федерацијата Агим Адеми соопшти дека новиот селектор ќе се знае дури во февруари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

