Човекот кој му го спаси пенисот на Џерард – „Само погледнав доле и видов многу крв“

Во 2014 година во натпреварот од ФА купот меѓу Ливерпул и Борнмут капитенот на „црвените“ Стивен Џерард го повреди пенисот. Тој ден страдаше пенисот на Џерард по дуелот со фудбалер на Борнмут. Поранешниот доктор на Ливерпул, Ендрју Мејси, раскажа за ситуацијата.

„Кога погледнав надоле, насекаде имаше крв и помислив дека е навистина болно. Се сконцетрирав на тоа што морав да го направам, но никогаш претходно не учев како треба да го заштитам пенисот. Мислев дека не би сакал да бидам во ситуација во која пенисот на Џерард ќе биде првиот кој морам да го гледам, но за жал се случи тоа“, изјави Мејси. 

Џерард кој во моментов е тренер на Ренџерс во својата автобиографија напиша.

„Се надевав дека нема да мора да се поздравам со својот стар пријател. Морам да кажам дека и Мејси не се чувствуваше нешто многу пријатно. Сепак, одлично ја заврши својата работа. Моите соиграчи подоцна ми се смееја во соблекувалната“, напиша Џерард. 

Се вчитува...