И документарецот „Последниот танц“ го откри тоа што многумина го знаеја од претходно – Мајкл Џордан обожавал да ги понижува своите соиграчи.
Еден од оние кои доживувале тортура е и Бил Картрајт, кој дресот на Чикаго го носеше од 1988 до 1994 година. Поради честите повреди Мајкл овој кошаркар го нарекувал „Медикал Бил“. Доживувал континуирана тортура и понижување од Џордан секој ден.
Но, дошло и момент кога Картрајт „пукнал“ и Џордан го помножил со нула. При едно такво вербално понижување го одвлечкал Џордан на другиот крај од соблекувалната и му порачал:
„Слушај, не сакам повеќе да го слушам тоа што го зборуваш за мене. Не сакам да ме понижуваш и да им кажуваш на момците да не ми даваат топка. Ако уште еднаш слушнам нешто такво или го спомнеш моето име, никогаш повеќе нема да заиграш кошарка затоа што ќе ти ги скршам двете нозе и збогум на кошарката“ – му се обрати Бил на Мајкл, лице во лице, велат сведоци на настанот во соблекувалната.
Џордан во тој момент замолкнал, не изговорил ниту збор. Од тогаш никогаш повеќе не зборувал ништо за Бил, кој, пак, во шест сезони во Чикаго стигна до три шампионскиот титули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА