Ловецот на автограми Питер Џонсон разви бизнис што го претвори од човек со долг од речиси 10.000 фунти во милионер за помалку од пет години. Џонсон реши своето хоби да собира потписи на познати спортисти да го претвори во бизнис и успеа во тоа.
Тој ја основал компанијата „Стела“, која продава автограми, потпишани дресови и други спортски сувенири. Сега оваа компанија од Ворчестер има 12 вработени, а нејзиниот сопственик го остварил својот сон и станал милионер.
„Уште како тинејџер бркав автограми и собирав разни ситници. Секогаш ме привлекуваше идејата да ги продадам за некои големи пари. И така почнав да патувам низ светот за да ги соберам. Бев на трката во Формула 1 во Азија, на Светскиот куп во рагби во Јапонија, ги следев претсезонските турнеи на Манчестер Сити. И тогаш решив да создадам империја. Во тој момент имав долг од 10.000 фунти. Сега можам да кажам дека сум милионер. Се тоа за четири и пол години“, изјави Џонсон.
Стела продава сувенири од речиси сите спортови, а највредните предмети секако се ситниците кои дојдоа од Лионел Меси и Кристијано Роналдо. На патот кон остварување на својот сон, Џонсон развил различни методи за да ги добие работите што ги продава. И не може да се каже дека не ја оставил фантазијата на слобода. Успеа да добие автограми од Меси и Роналдо на бројни сувенири, а потоа ги продаде за некои сериозни пари.
𝗚𝗮𝘇𝘇𝗮 𝗗𝗼𝗲𝘀 𝗪𝗵𝗮𝘁 𝗛𝗲 𝗪𝗮𝗻𝘁𝘀 🤩
–
–
–#FirmaStella #SportsMemorabilia #Autograph #Gazza #EnglandFootball #Gascoigne #Football #Signing #Announcement #SignedFootballShirts #Memorabilia #Collection #Reels #Explore #Sale #TikTok #Trending #PremierLeague pic.twitter.com/wARnfh5ps3— Firma Stella (@FirmaStella) April 14, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА