Генералниот менаџер на Далас Маверикс, Нико Харисон е една од најомразените личности во Далас во моментов, а причината за тоа е трејдот на Лука Дончиќ во Лос Анџелес лејкерс.
Навивачите протестираа пред салата, а пред дуелот со Хјустон на домашен терен, Мавс објавија дека се загрижени за безбедноста на својот генерален менаџер.
„Нико Харисон доби смртни закани неговото обезбедување ќе биде зголемено. Ќе има протести пред салата, а Нико Харисон нема да биде на своето вообичаено место“, вели Тим МекМахон, новинар кој ги следи Мавс.
Харисон ангажирал и приватно обезбедување за да ја чува неговата куќа по трејдот на Дончиќ во ЛА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

