Кингсли Коман, фудбалерот претплатен на трофеи кој настапувајќи за француската репрезентација, ПСЖ, Јувентус и Баерн Минхен освои 30 шампионски титули се наоѓа пред трансфер во Саудиска Арабија на само 29-годишна возраст, пренесуваат германските медиуми.
За францускиот крилен напаѓач постои огромен интерес од страна на Ал Наср кој сака да создаде пеколен тим заедно со Кристијано Роналдо, Садио Мане, Марсело Брозовиќ и Жоао Феликс, а и самиот фудбалер изразил желба да го напушти Баерн Минхен по десет години поминати во клубот од кои првите две беа на позајмица.
Коман професионалната кариера ја започна во ПСЖ по што во 2014 година се пресели во Јувентус како слободен играч. Не успеа да се наметне во италијанскиот тим па замина во германскиот великан за кој досега одигра 339 натпревари на кои запиша 72 голови и 71 асистенција.
Со оглед на тоа што договорот на Коман и Баерн Минхен е со важност и во следните две сезони се очекува и големо обесштетување за Германците од околку 30 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

