Човиќ без влакна на јазикот: Србија со години веќе не е земја на кошарката, доста се лажеме…

Елиминацијата на Србија во осминафиналето од Евробаскетот тешко го поднесе јавноста кај нашиот северен сосед. Истата сеуште е „топ тема“ во медиумите, а сега на истата говореше и првиот човек на кошаркарскиот клуб Црвена Звезда, Небојша Човиќ кој имаше остри критики.

Во интервју за „Вчерашни новости“, Србинот со големо искуство говореше без влакна на јазикот, велејќи дека Србија повеќе не е земја на кошарката со тоа што системот препртел големи промени и има премногу проблеми.

„Сега има многу анализи, повици за превземање на одговорност, напад кон Пешиќ, прашања за тоа што тргна по зло. И тоа е сосема во ред, но не е во ред одговорите да се пријат по разни дупки. Клучно е дали нешто конкретно ќе превземеме по ова прашање, дали ќе почнеме системски да ги решавме проблемите кои се многу поголеми од неуспех на ова натпреварување“, вели Човиќ.

„Повеќе од две години говорам, апелирам дека не сме земја на кошарката. Сме по интересот и љубовта према спортот, но суштински повеќе не сме бидејќи го срушивме системот. Не звучи добро, но тоа е вистината. Како некој кој ја предводел федерацијата и веќе 54 години е во кошарката мислам дека имам право да предупредам дека сме во еден од клучните моменти, на озбилна раскрсница. Лош ден можеше да биде оправдување претходната година, но сега е далеку од тоа. Тука се работи за целосно системско уништување“

Се вчитува...