Човиќ открива: Го сакавме Аврамовиќ во Црвена Звезда, но ги почитуваме нашите навивачи

Претседателот на српскиот кошаркарски клуб Црвена Звезда, Небојша Човиќ гостуваше на српски подкаст каде говореше на повеќе теми.

Една од нив беа и новите засилувања за престојните предизвици во кои „црвено-белите“ ќе ја бранат АБА-лигашката титула, а откри и дека постел интерес за ангажман на доскорешниот кошаркар на Партизан, Алекса Аврамовиќ, но не се одлучиле на овој потег поради договор со навивачите.

„Размислувавме за Алекса Аврамовиќ, но се договориме во нашите навивачи да не правиме повеќе трансфери од Партизан во Црвена Звезда. Сакаме да го почитуваме овој договор за сениорскиот тим. Мислам дека Алекса е сјаен човек и играч така да мене ми е жал. Можеби еден ден…“, откри Човиќ.

По три години поминати во Партизан, српскиот репрезентативец во новата сезона ќе биде дел од ЦСКА Москва.

Се вчитува...