Црвена Звезда ова лето остана без услугите на двајцата Аргентинци кои блескаа во „црвено-белите“ бои Лука Вилдоза и Факундо Кампацо. Вилдоза кариерата ќе ја продолжи во Панатинаикос, додека Кампацо се врати во редовите на Реал Мадрид.
За камбекот на Кампацо во главниот град на Шпанија говореше и претседателот на Црвена Звезда, Небојша Човиќ кој во интервју за „Еурохупс“ откри и дека искусниот бек имал понуда и од вечниот ривал Партизан.
„Факундо Кампацо одбра да се врати во Реал и ја почитувам неговата одлука. Тој е неверојатна личнсот кој доби огромна доза на љубов од навивачите за посветеноста кон клубот, екипата и соиграчите. Мислам дека неговата одлука да се врати во Реал не се поврзана со финансии туку со задоволството на неговото семејство. Ние тоа го почитуваме.
Факт е дека поставивме темел на добра врска која сметам дека еден ден ќе биде обновена. Потврда на тоа е и дека одби неверојатна финансиска понуда од нашиот градски ривал пред само неколку дена, истата веднаш ја одби и без двоумење. Му посакувам многу среќа, здравје и успех во Реал“, изјави Човиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА