Тимот на Металург денеска потврди дека бразилскиот интернационалец Енрике Тешеира е нов член на клубот, сепак од неговиот моментален тим ЧСМ Букурешт ја демантираа таа информација.
„Разговарав со Тешеира и му ветив дека следната седмица ќе имаме средба по која ќе се донесе одлуката и ќе знаеме што ќе правиме во иднина. Тешеира се уште не потпишал со Металург и тој се уште е ракометар на ЧСМ Букурешт“, изјави Кристијан Стамате.
Тој во кариерата покрај за Букурешт настапуваше и за шпанските Гранољерс и Хуеска, а беше дел и од најдобрите тимови во татковината, Маринга и Таубате.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА