ЧСМ Букурешт е последниот патник на Ф4 турнирот од ЛШ во Будимпешта

ЧСМ Букурешт ја комплетира водечката четворка што ќе настапи на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите во Будимпешта. Романскиот првак во четвртфиналето го елиминира Мец и им се придружи на Вардар, Ѓер и на Ростов Дон, екипите што ќе се борат за шампионската титула во Европа. Во реваншот во Франција, ЧСМ Букурешт денеска загуби со 20-27, но Романките имаа доволна залиха од првиот меч во Букурешт на кој славеа со 34-21.

Полуфиналните двојки за Ф4 турнирот во ЛШ ќе бидат одредени со здрепката што ќе се одржи на 17 април во Будимпешта.

Завршниот турнир во Лигата на шампионките во женска конкуренција ќе се одигра во „Ласло Пап Арена“ во Будимпешта на 12 и 13 мај. Титулата во ЛШ ја брани тимот на Ѓер.

Се вчитува...