Чуда се случуваат…. денот кога Македонија и одржа лекција по ракомет на Данска (видео)

ЕКИПА во Хернинг,

Стеван Цаневски

Македонија вечерва ќе се сретне со големиот фаворит Данска на премиерниот меч од ЕП 2026, пресметка во која домаќинот важи за огромен фаворит, но нашите ракометари ќе можат без притисок да одиграат против најдобрата селекција на денешницата со надеж дека би можеле да приредат и изненадувања.

А дека чуда се случуваат во ракометот доказ е и дуелот меѓу Македонија и Данска во март 2021 година, кога успеавме да го земеме скалпот на скандинавската селекција со триумф од 33-29. Данците допатуваа како актуелни светски прваци во Скопје, на трибините во СЦ „Борис Трајковски“ немаше навивачи поради корона-вирусот, но Кире Лазаров на своето селекторско деби го надмудри Николај Јакобсен.

Македонија одигра меч за паметење, Митревски бeше извонреден со 13 одбрани, Данците во долги периоди беа во нокдаун, за пред крајот да ја намалат негативата на конечните „минус четири“.

Манасков, Кузмановски и Талески со по пет гола беа најефикасни во нашиот табор, а од актуелниот играчки кадар покрај капитенот Кузмановски меѓу стрелците на тој меч се запишаа и Пешевски и Велковски.

Колку и да се мали шансите за чудо вечерва, нашите ракометари сигурно нема однапред да загубат надеж, знаејќи дека веќе еднаш го имаат земено скалпот на големата Данска кога биле отпишани од европската ракометна јавност.

Се вчитува...