Чуда се случуваат: Винисиус со јавно извинување за своето однесување!

Реал Мадрид славеше во големото дерби против Барселона, но дамка на тој триумф остави однесувањето на Винисиус и неговата бурна реакција кон тренерот и клупата за резерви кога беше заменет со сонародникот Родриго.

Тренерот Чаби Алонсо одби да даде поконкретен коментар, но во меѓувеме во самиот клуб имаше неколку состаноци на оваа тема што резултираа со изненадувачки исход – Винисиус денеска се појави в јавноста со извинување за своето однесување. Бразилецот покрај со фудбалските квалитети е познат и по незгодниот темперамент, во изминатите 48 часа многу се говореше и за негово евентуално заминување од Реал, па затоа изненадувачка е денешната реакција во јавнста.

„Денеска сакам да им се извинам на сите навивачи на Реал за мојата реакција кога бев заменет за време на Ел класико. Како што веќе се извинив и на денешниот тренинг, сакам повторно да им се извинам на сиграчите, клубот и на претседателот. Некогаш преголемата страст презема контрола над мене, желбата секогаш да победувам и да помагам на мојот тим. Ветувам дека ќ продолжам да се борам секоја секунда за доброто на Реал Мадрид“, објави Винисиус.

Се вчитува...