Чуден меч во Белград: Србите се вратија од „минус 23“ за триумф над Швајцарија

Србија многу потешко од очекувањата стигна до триумф на стартот од мундијалските квалификации, славејќи над Швајцарија со резултат 90-86. Иако без евролигашките ѕвезди и асовите од НБА-лигата, Србите важеа за апсолутни фаворити на дебито на новиотт селектор Алимпијевиќ. Токму затоа, шокантно делуваше првото полувреме што мина во целосна доминација на Швајцарците за водство од преубедливи 23 поени разлика (34-57).

Вториот дел донесе сосема поинаква слика на теренот, Србите заиграа подобро во одбраната и почнаа да ја топат негативата. Домаќините имаа „плус седум“ по големиот пресврт, Швајцарија успеа да се врати, дури и да поведе со еден поен на две минути до крајот, но завршницата мина во знакот на српските кошаркари кои триумфираа со конечните 90-86

Младиот плејмејкер на Црвена Звезда, Миљеновиќ беше одличен со 23 поени и 9 асистенции, центарот Ристиќ доминираше со 24, а Танасковиќ реализираше 16 поени.

Црна Гора беше шокирана на домашен терен од Португалија, губејќи со убедливи 62-83. Траванте Вилијамс со 16 поени беше најефиксен во победничката селекција, додека прв срелец на Црногорците беше Марко Симоновиќ со 13 поени и 7 скокови.

Шпанија како гостин ја совлада селекцијата на Данска со 64-74, пријатно изненади Украина со победата во Тбилиси над Грузија од 79-92, додека Турција рутински ја оправда фаворитската улога против БиХ. триумфирајќи со убедливи 93-71.

Се вчитува...