Чуден Мундијал: Првпат во историјата на СП, на стартот не победија Германија, Аргентина и Бразил

Светското првенство во Русија не почна најдобро за дел од најголемите фаворити. Бразил не успеа да слави против Швајцарија, играјќи 1-1, а идентично помина и Аргентина во дуелот против Исланд. Лео Меси не успеа да реализира пенал.

Најлошо сепак им е на актуелните светски прваци, фудбалерите на Германија, кои ја почувствуваа горчината на поразот против Мексико (0-1). Со овие три резултати, овој Мундијал влегува во историјата на СП.

За првпат, на стартот од едно Светско првенство, ниту Германија, ниту Аргентина, ниту Бразил не успеале да стигнат до победа. Ќе биде ова најверојатно тежок и неизвесен Мундијал за фаворитите.

Се вчитува...