Чудесен пресврт и трилер-меч со 295 поени во Вашингтон

Вашингтон и Бруклин одиграа неверојатен меч како дел од синоќешната програма во НБА-лигата, за 48 минути беа постигнати вкупно 295 поени, а на крајот на победата се радуваа домашните кошаркари, славејќи со минимални 149-146. Вашингтон стигна до победата со неверојатен пресврт, ако се знае дека на 12 секунди до крајот Бруклин имаше водство од 141-146.

Бил погоди тројка, а веднаш потоа домаќините ја украдоа топката, па Вестбрук со нов шут од далечина донесе водство на Вашингтон. Веднаш потоа следеше нова загубена топка на гостинските кошаркари, што Вестбрук ја казни со нови поени за домашниот состав и триумф во овој супердраматичен натпревар. Расел Вестбрук беше главна фигура со 41 поен, 10 скока и 8 асистенции, а извонреден беше и Бредли Бил, кој постигна 22 поени во последната четвртина, од вкупно 37-те на натпреварот.

Филаделфија на гостински терен ја совлада Индијана со 110-119, благодарение на извонредната последна четвртина што оваа екипа ја доби со 15-37. Харис ги предводеше стрелците на Филаделфија со 27 поени, а два помалку кај домашниот состав постигна Брогдон.

Резултати НБА:

Индијана – Филаделфија 110-119, Торонто – Орландо 115-102, Вашингтон – Бруклин 149-146, Минесота – Кливленд 109-104.

Се вчитува...