Барселона во неверојатен натпревар успеа да триумфира на гостувањето против Басконија со 71-72, одмаздувајќи му се на актуелниот првак на Шпанија за поразот во домашното првенство.
Душко Ивановиќ и неговите избраници уште долго ќе жалат за овој пораз, ако се знае дека на неполни четири минути до крајот Басконија имаше водство од 71-61. Јасикевичиус при овој резултат побара тајмаут, по што домашните кошаркари до самиот крај не постигнаа ниту еден единствен поен, додека на спротивната страна Курич го иницираше пресвртот што со поени за победа го круниса Абринес.
Миротиќ со 18 поени и 7 скокови беше главен играч во таборот на Барселона, 12 постигна центарот Дејвис, а најефикасен кај Басконија на ова шпанско евролигашко дерби беше Зоран Драгиќ со 15 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА