Партизан конечно ја прекина серијата слаби резултати врзувајќи две победи во низа во Евролигата. По големата победа во Минхен над Баерн, белградскиот тим вечерва по огромна борба славеше во германската меторпола и против Хапоел со супердраматични 104-101, меч на кој Партизан беше домаќин во Германија поради зафатеноста на белградска арена за ЕП во ватерполо.
Триумфот дефинитивно ќе биде омилен за навивачите на „црно-белите“ ако се земе во предвид неверојатниот пресврт на нивните миленици, откако лидерот на евролигашката табела до ова коло имаше огромни 37-64 на почетокот од третата четвртина. Партизан сезонава претрпе бројни убедливи порази, но овојпат покажа карактер, не само што не се предаде, туку и успеа да се врати целосно во мечот. Намали на само четири поени негатива (75-79), а по поените по офанзивен скок на Лакиќ резултатот на 27 секунди до крајот гласеше 85-88. Бонга успеа да украде топка, по што Маринковиќ погоди тројка за израмнување. Судиите донесоа катастрофална одлука по очигледна блокада од Фернандо, за среќа по прегледување на снимката ја променија одлуката, но проблемите се зголемија при последната акција на Партизан (Бонга промаши за тројка), кога капитенот Маринковиќ заработи сериозна повреда.
Мечот беше решен по продолженија, кое почна со намерна лична грешка на Калатес надополнета со втора техничка грешка и исклучување за тренерот Пењароја. Сепак, тоа само ги мотивираше кошаркарите на Партизан со брилијантни пет минути да стигнат до победата, изразена со конечни 104-101.
Кем Пејн со 19 поени беше прв стрелец на Партизан, 15 постигна Лакиќ, а 14 реализираше Фернандо. Отуру со 24 и Мициќ со 19 поени беа најефикасни во таборот на Хапоел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

