Чудесен Тиквеш, европско деби од соништата и триумф над Бреидаблик (ВИДЕО)

Oсвојувачот на Купот на Македонија, Тиквеш со неверојатен пресврт (3-2) славеше над исландски Бреидаблик во првиот натпревар од воведното коло од квалификациите за новата сезона во Конференциската лига на УЕФА.

Првата убава шанса домаќините ја имаа во 7. минута кога по еден одличен контра напад Кристијан Стојкоски излезе сам еден на еден со противничкиот голман, но биеше над голот на Бреидаблик. Тиквеш нова убава шанса имаше во 11. минута кога од непосредна близина со глава биеше Ѓорѓи Ѓоргиев, но само во голманот на исландскиот тим.

Казната за пропуштените шанси стигна во 13. минута кога гостите поведоа со 0-1 со погодокот на Виктор Еинарсон. И во следниот период Тиквеш беше подобар, а нова убава шанса кавадарци имаа во 28. минута кога Спахиу биеше кон голот на Бреидаблик, но и неговиот удар го спречи голманот Антон Еинарсон. Новата казна од исландските фудбалери стигна во 31. минута кога Кристофер Кристинсон зголеми на 0-2.

Tikves 0-[1] Breiðablik – Viktor Karl Einarsson 13'
byu/atbg1936 insoccer

Тиквеш и во второто полувреме беше подобар противник, а успеа да намали на 1-2 во 75. минута со погодокот на Кристијан Стојкоски.

Tikves [1]-2 Breidablik – Kristijan Stojkoski 74'
byu/Meladroitdimage insoccer

Македонскиот претставник целосно се врати во натпреварот со прекрасниот погодок од слободен удар на Мартин Стојанов во 80. минута (2-2).

Tikves [2]-2 Breiðablik – Martin Stojanov free-kick 80' (Great Goal)
byu/atbg1936 insoccer

Целосна ерупција на „Тодор Проески“ (3-2) донесе Лео Гуера во 83. минута.

Tikves [3]-2 Breidablik – Leo Guerra 82'
byu/Meladroitdimage insoccer

Реваншот меѓу двата тима ќе се одигра за седум дена во Исланд.

Се вчитува...