Јан Облак е најзаслужниот што Атлетико Мадрид не загуби на вечерашниот реванш со Баер Леверкузен. Словенецот цел натпревар внесуваше сигурност кај своите дефанзивците, но неверојатно делуваше неговата тројна интервенција во рок од само пет секунди во второто полувреме.
Се играше 68. минута кога Брант украде една топка и излезе очи в очи со Словенецот, но овој го одбрани неговиот удар. Топката се одби до Фоланд, но Облак, со фантастична интервенција стигна да го затвори аголот од својот гол. И повторно топката се одби до Фоланд, кој сега биеше со левата нога, но Облак повторно го спречи да се радува на „Висенте Калдерон“.
Outstanding triple save by Jan Oblak… pic.twitter.com/2XVCZrt8RB
— The3Kick (@The3Kick) March 15, 2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА