Чудесниот Јокиќ до нов трипл-дабл, сега е втор во историјата

Никола Јокиќ продолжува да испишува историја во НБА-лигата откако чудесниот центар стигна до нов трипл-дабл, предводејќи го Денвер до триумф над Чикаго. Србинот имаше 22 поени, 14 скокови и 17 асистенции, што беше доволно за целосно да го остави зад себе легендарниот Оскар Робертсон, па сега Јокиќ со 182 трипл-дабл мечеви се наоѓа на второто место на вечната листа во НБА-лигата во оваа категорија.

Пред него е само поранешниот соиграч Расел Вестбрук со 207 вакви изданија, но само прашање на време е кога Јокиќ ќе го мине и овој кошаркар и ќе стане неприкосновен во уште една статистичка категорија во најсилната лига во светот.

ЛА Лејкерс и без помошта на повредениот Лука Дончиќ успеа да слави над Голден Стејт со 105-99. Леброн Џејмс имаше дабл-дабл од 20 поени и 10 асистенции,Хачиимура додаде 18 поени за победничкиот тим, додека кај гостите недостигаше главната ѕвезда Стеф Кари.

Сан Антонио во одличен меч триумфираше над Далас со 138-125, дуел во кој Касл оствари импресивен триплдабл од 40 поени, 12 скокови и 12 асистенции. Кливленд ја забележа и третата победа во низа откако како гостин славеше во Сакраменто со 126-132, дуел на кој блескаше Донован Мичел со 35 поени.

Резултати НБА:

Сан Антонио – Далас 138-125, Орландо – Јута 120-117, Атланта – Шарлот 119-126, Чикаго – Денвер 120-136, ЛА Лејкерс – Голден Стејт 105-99, Фениикс – Филаделфија 103-109, Портланд – Мемфис 122-115, Сакраменто – Кливленд 126-132.

Се вчитува...