Чудесниот Миклер го запре Магдебург

Пик Сегед во фантастичен меч на домашен терен триумфираше против Магдебург со 31-29, апсолутно заслужен триумф ако се има во предвид фактот дека Унгарците имаа контрола над резултатот во вториот дел и стигнаа до бодовите. Најзаслужен без конкуренција беше Миклер, извонредниот голман кој со 16 успешни интервенции го трасираше патот на Сегед до триумф над поранешниот европски првак.

По 30 минути игра Магдебург имаше минимална предност од 17-18, но во вториот дел на сцена стапи Миклер, кој со серија извонредни интервенции донесе пресврт. Сегед имаше и „плус пет“, а Магдебург во финишот успеа само да го ублажи поразот до конечните два гола разлика. Најефикасни во победничкиот тим беа Шоштариќ со шест и Фримел со пет погодоци, додека прв стрелец на Магдебург беше Вебер со пет гола.

Динамо Букурешт конечно доби шанса да заигра во Лигата на Шампионите, а романскиот гигант на отворањето на домашен терен го декласираше тимот на Фредерициа со 37-28. Цупара имаше 13 одбрани на голот на Динамо, а беспрекорниот напад го предводеа Тастарсон со шест и Кудуз, Кашпарек, Рошта и Лангаро со по пет постигнати гола.

Се вчитува...