Чудесниот Руне го елиминираше Ѓоковиќ во Рим

Холгер Руне го елиминираше Новак Ѓоковиќ од Мастерсот во Рим откако во четвртфиналето славеше со 2-1 (6-2, 4-6, 6-2). Чудесниот Данец одлично го отвори натпреварот, стигна до брејк уште во првиот гем и наговести натпревар на кариерата со кој го продолжи неверојатниот настап во главниот град на Италија.

Со поразот на Србинот беше ставен и крај на неверојатна низа на турнирите во Рим со оглед на тоа што во финалето нема да се најдат Ѓоковиќ или Надал. Оваа традиција траеше од 2004 година.

За противник во полуфиналето 20-годишникот ќе го има подобриот од мечот помеѓу Каспер Руд и Франциско Керудало.

Се вчитува...