Само дваесетина минути му беа доволни на младиот Ерлинг Халанд да го покаже сиот свој квалитет и во Бундес-лигата, по неверојатниот старт на сезоната што норвешкото „чудо од дете“ го имаше во дресот на Салцбург. „Милионерите“ ја добија трката за негов ангажман пред Јувентус и Манчестер Јунајтед, а Халанд веднаш блесна, со хет-трик во второто полувреме носејќи значајна победа на гостувањето против Аугсбург.
Тој влезе во игра во 56. минута, при негатива на гостите од Дортмунд од 3-1, за три минути подоцна да го постигна вториот погодок за Борусија на натпреварот. Санчо изамни на 3-3, за Халанд со стил да стави печат на натпреварот, со голови во 70. и во 79. минута комплетирајќи го хет-трикот со три постигнати гола во рок од 20 минути.
Келн славеше на домашен терен над Волфсбург со 3-1 спасувајќи ја честа на домаќините на попладневните средби, бидејќи и на останатите средби славеа гостите, Вердер со 0-1 над Фортуна Дизелдорф и Ајнтрахт против Хофенхајм и Фрајбург против Мајнц со идентични 1-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА