Арсенал се спаси од пораз на „Емирати“ во дербито со Челси, играјќи 2-2. Хектор Белерин постигна гол за израмнување во судиското продолжение од мечот, и сепак се чини дека ја задоволи резултатската правда на овој дуел. „Топчиите“ играа поофанзивно, имаа повеќе шанси во првиот дел, се тресеа диреците од голот на Тибо Куртоа, а први и поведоа со голот на Џек Вилшер во 63.минута, но на крајот се спасуваа од пораз.
Еден Азар од пенал изедначи во 67.минута, а Маркос Алонсо направи целосен пресврт во 84.минута од дуелот. Сепак, Арсенал не се предаде, па Белерин постигна гол за реми и еден бод, дури во судиското продолжение. Запакоста во последните мигови ја погоди гредата од голот на Арсенал, па на крајот сепак следеше поделба на бодовите.
По ова коло, Челси со 46 бода се наоѓа на третата позиција на табелата, а Арсенал е шести, со 39 освоени бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА