Чудесно срце хрватско, Шпанија е шокирана – Неверојатен камбек за продолженија (ВИДЕО)

Денес на програмата од фудбалското Европско првенство беше понуден уште еден интересен и возбудлив натшревар, а главни актери на зелениот терен беа фудбалерите на Шпанија и Хрватска, дуел на кој видовме шест гола. „Коцкестите“ и „Црвената фурија“ ќе играат продолженија во најинтересната осминафинална пресметка досега на ЕВРО 2020, откако Хрватска се врати од негатива од 1-3 и со два гола во завршните десет минути ја шокираа Шпанија.

Фудбалерите на Енрике уште од првата минута ја имаа контролата над топката, барем така се изгледаше до 20. минута, откако претходно репрезентативецот на Шпанија, Педри беше креатор на неверојатен и комичен автогол! Тој испрати остра топка од центарот на теренот до голманот Симон, на кого топката му се префрли преку ногата и заврши во мрежата.

На Шпанците им беа потребни неколку минути да се соземат и повторно да ја покажат својата доминација, па по низа на акции конечно успеаа да постигнат гол и на полувреме заминаа со 1-1, стрелец на овој погодок беше Пабло Сарабија во 38. минута.

Во вториот дел беше понудена вистинска голеада, најпрвин селекцијата на Шпанија дојде до предност од 2-1 во 57. минута со голот на Цезар Аспиликуета, а во 77. минута зголеми на два разлика, третиот погодок беше во дело на Феран Торес! Сепак, кога се чинеше дека „црвената фурија“ рутински ќе го заврши овој меч, Хрватите намалија на 3-2, откако топката ја помина гол линијата без да се затресе мрежата, сепак, тоа беше доволно за главниот арбитар да го добие потребниот сигнал дека ова е гол кој ќе биде запишен зад името на Мислав Орчиќ. Храброто срце „коцкестите“ го покажаа во последните минути, а херој за Хрватска беше Марио Пашалиќ, кој успеа да биде прецизен со глава и да донесе голема радост на публиакта на трибините, донесувајќи реми и продолженија од по 15. минути на двете селекции.

Феран остана целосно сам на десната страна, доби долга топка од Пау Торес, потоа рутински го мина Гвардиола и го совлада Ливаковиќ од седум метри.

 

https://streamye.com/v1UGoGV

Се вчитува...