Чудна листа на ИФФХС: Бразилската лига е посилна од сите топ 5 европски лиги

Меѓународниот сојуз за фудбалска историја и статистика (ИФФХС), објави дека бразилската лига е најсилна лига на Светот. Според листата , бразилската лига го држи првото место, а после нив следува Премиерлигата (Англија), Ла Лига (Шпанија), Бундеслига (Германија), Серија А (Италија) и француската Лига 1.

Седмото место според листата го држи лигата во Португалија, осмото првенството во Холандија, на девето место е аргентинската лига, а на десеттото парагвајската лига.

На другите континенти, ситуацијата е таква што лигата во Египет е најдобра во Африка, корејската К-Лига е најдобра во Азија, додека Мексиканската во КОНКАКАФ. Во Океанија, првото место го држи Премиершипот на Нов Зеланд.

Се вчитува...