Чудна објава на Гостивар: Им се извинуваме на фановите што им дадовме надеж за титула и за Европа!

Фудбалскиот клуб Гостивар вечерва се огласи со чудна објава на социјалните мрежи, откако загуби од Беса со 2-1, и така ја загуби секоја шанса во битката за титулата, а сега е далеку и од местата кои носат во Европа.

ФК Гостивар им се извини на фановите за „лажната надеж“ за титула и жалат што, како што велат, ги разочарале фановите.

„Се извинуваме за разочарувањето на нашите фанови откако претходно во сезонава им дадовме надеж а титула, и за пласман во Европските купови на крајот на сезоната. Немаме оправдувања, немаме што да кажеме, ве разочаравме и неизмерно ни е жал“, стои во објавата на Гостивар.

Се вчитува...