Реал Мадрид денеска го промовираше Брахим Диаз. Диаз од 2019 година е дел од Реал Мадрид, но забележа само 15 настапи, а последните три години ги мина во Милан како позајмен играч. По крајот на оваа сезона се врати во таборот на „кралевите“.
Неговиот договор со Реал до 2025 година, а дојде од Манчестер Сити каде настапуваше од 2016 до 2019. Претходно беше дел од младинските категории на Малага.
„Дојдов тука за успех во најдобриот клуб во Светот“, кажа Диаз на неговата презентација. Тој ќе го носи дресот со број 21 во својот клуб.
Реал Мадрид деновиве треба да го комплетира Џуд Белингем, со што ќе добие квалитетен среден ред. Тимот има потреба од напаѓач, по заминувањето на Бензема.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

