Повеќе од јасно е дека Карим Бензема нема да биде член на Реал Мадрид од следната сезона, клубот веќе му бара нова средина и размислува како да го искористи Французинот за ново засилување. Имено, Флорентино Перез има идеја како да се ослободи од Бензема и при тоа да ангажира нов „галактико“. Претседателот на „кралевите“ ќе ја понуди „деветката“ на Арсенал плус пари, за услугите на шпанскиот десен бек, Хектор Белерин.
Не е тајна дека Арсен Венгер сака да го види Бензема во дресот на „топчиите“, неколку пати се обидуваше да го присвои, но францускиот напаѓач не ни помислуваше за преселба од „Сантијаго Бернабеу“. Сега ќе биде во пол-позиција за неговиот потпис доколку ја прифати понудата на Реал, да се откаже од својот млад десен бек.
Засега не е потенцирано колкава сума ќе понуди Реал во „дилот“ во кој е вклучен и Бензема, но „кралевите“ со сите сили ќе притиснат да го осигураат потписот на поранешниот кадет на академијата на Барселона, со Бензема како главна „мамка“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА