Чудна ситуација на ОИ: Неговиот татко играше за Хрватска, а сега тој ќе игра против „коцкастите“

Денеска Хрватска ќе игра против Германија на ракометниот турнир на олимписките игри во Париз. Хрватите не играат добро, додека Германците, пак, досега имаат две победи против Шведска и против Јапонија.

Селекторот Алфред Гисласон не го менуваше премногу тимот, освен што му се приклучи 20-годишниот Марко Гргиќ. Овој играч има корени од Хрватска, а неговиот татко Горан Гргиќ 26 пати го носел дресот на хрватската селекција. Марко е роден во Германија, а сега игра во Ејсенах, каде оваа сезона постигна 100 гола, и тоа не остана незабележано кај селекторот на Германија.

„Не верував дека ова вака се разви за само неколку месеци. Да играм за Германија ми е остварување на сонот“, рече Гргиќ.

„Ракометот ми е во крвта. И мојот татко и мојата мајка играа ракомет, но не ме присилуваа да играм ракомет. Немам емоции, смирен сум. Не се сеќавам дека Хрватска се распрашувала за мене. И претходно кажав дека сакам да играм за Германија. Не го ни зборувам хрвтскиот јазик, дел сум од Германија и сметам дека тука припаѓам. Тоа беше едноставна одлука“, кажа ракометарот на Германија.

Се вчитува...