Шестата тенисерка во светот, Русинката која игра под знамето на Казахстан, Елена Рибакина, го освои финалниот турнир во Ријад за прв пат во својата кариера, победувајќи ја најдобрата тенисерка во светот, Белорусинката Арина Сабаленка, во финалето.
Двете врвни тенисерки вчера одиграа одличен финален натпревар, Рибакина победи со 6-3, 7-6, но интересни беа сцените по мечот. Сабаленка подоцна беше снимена како плаче.
Aryna Sabalenka in tears after losing the final 🥺😭😭 pic.twitter.com/dTmhZUlCUq
— Liviefromparis 🇫🇷🤸🏼♀️🎾 (@Livieparis2024) November 8, 2025
За време на церемонијата на доделување награди по финалниот натпревар, пак, се случи необична сцена. Елена Рибакина одби да биде фотографирана со извршната директорка на ВТА, Порша Арчер. Кога казахстанската тенисерка се фотографираше со Арина Сабаленка, а Арчер одеднаш им се придружи, Рибакина се тргна настрана.
Судијата и даде знак на Казахстанката да се фотографира со неа, но таа ја крена раката и одби. Потоа кратко проговори на прес-конференција.
Rybakina refused to take a pic next to the WTA CEO? 👀 pic.twitter.com/A92ps4LLYl
— Lorena Popa 🕵️♀️🎾 (@popalorena) November 8, 2025
„Мислам дека сите си ја работиме својата работа и имавме можност да разговараме, но на крајот тоа не се случи“, призна Рибакина кратко потоа на прес-конференција.
Зошто се однесуваше така за време на церемонијата? Странските медиуми објавуваат дека ова е резултат на истрага против нејзиниот тренер, Стефан Вуков. Минатата есен, ВТА привремено го суспендираше тренерот од учество на ВТА турнири поради „злоупотреба на овластувања и навредливо однесување кон ВТА играч“. Нема сомнение дека Арчер придонела за оваа суспензија. За време на истрагата, Рибакина постојано нагласуваше дека Вуков никогаш не ја злоупотребувал.
Стефан Вуков ја тренираше Рибакина од 2019 до 2024 година, а годинава повторно се соединија. Роден е во Ријека. Почнал да игра тенис на 12-годишна возраст, а подоцна играл на некои „мали“ турнири. Во 2007 година, бил 1122-ри на АТП листата, а во 2009 година ја завршил кариерата, а години подоцна почнал да работи во тениски центар во Флорида со идни ВТА играчи.
I’m so prouddd of Rybakina 🙂↔️🫣 She proved all her haters wrong. Vukov has to given some respect pic.twitter.com/sZkFxOGF2C
— Nicolas Ally ✝️ (@nick_ally1986) November 8, 2025
Рибакина му ја припиша заслугата на Вуков, познат по својата аналитичка експертиза, за подобрувањето на нејзината игра, брзо се искачи на ранг-листата, влегувајќи меѓу првите 30 и освојувајќи ги своите први две ВТА титули на почетокот на годината. Откако Рибакина ја освои својата прва голема титула на Вимблдон во 2022 година, Вуков го исполни двегодишниот облог да направи тетоважа со името на Рибакина доколку некогаш го освои Вимблдон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

