Блокотехна ќе го игра своето прво куп-финале во клупската историја откако во трилер-завршница го совлада Гостивар.
Карактерот на тимот на Марјан Илиевски уште еднаш се виде на дело, Блоко експресно го остави зад себе катастрофалното прво полувреме во кое прими 54 поени, се врати од „минус дванаесет“ на стартот од третата четвртина и донесе радост на домашните фанови во Гевгелија.
Прва победа над гостиварци по трите порази сезонава, но многу значајна за испишување на нови страници во својата историја, само една седмица по освоената титула во БИБЛ. Херој – сосема неочекувано Војче Лефкоски, кој влезе во игра во вториот дел, донесе интензитет во одбраната, но и погоди четири тројки во серија со кои го врати својот тим во игра.
Кога беше најважно одговорноста ја презеде Пен, за комплетирање на големиот пресврт. Чудо гевгелиско за големо финале – каде Блокотехна ќе ја очекува победникот од вечерашното полуфинале меѓу МЗТ Скопје и Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА