Асот на Вашингтон Капиталс Александар Овечкин се врати на тимските тренинзи по петнеделна пауза поради скршеница на левата нога, а 39-годишниот Русин се очекува наскоро да се врати на мразот.
Русинот поради повреда пропушти само 50 натпревари во 20 НХЛ сезони, а импресивната издржливост на „Александар Велики“ му овозможи да дојде во позиција да го нападне рекордот на легендарниот Канаѓанец Вејн Грецки, кој постигна 894 гола во најсилното првенство во светот.
Се очекува Овечкин да може да му се приклучи на тимот од главниот град на САД на гостувањето кај Мепл Лифс во Торонто во недела.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА