Не е се во славата: Баерн ја најде замената за Павар, ама тој сака во ривалот од Дортмунд

Баерн Минхен и Борусија Дортмунд се интересираат за повремениот германски репрезентативец Армел Бела-Кочап. Играчот кој е роден во Франција, но настапува за Германија, во моментов е дел од Саутемтпон.

Баерн во него гледа како замена за Бенџамин Павар кој се реши да замине од клубот и да се пресели во Интер. Меѓутоа самиот играч изразил желба да оди во ривалот од Дортмунд, но „Баварците“ не се предаваат во обидот да го обезбедат неговиот потпис.

Бела-Кочап има два настапи за Германија, и за помладите селекции на „елфот“. Има 21 година и важи за еден од идните репрезентативци на некогашниот светски првак. Станува збор за висок играч кој има 190 сантиметри.

Се вчитува...