Репрезентацијата на Финска е новиот четвртфиналист, откако вечерва направи огромна сензација елиминирајќи го еден од фаворитите за златниот медал, репрезентацијата на Србија. На крајот Финците успеаја да триумфираат со 92-86.
Слабиот шут на Србите беше еден од клучните фактори за овој пораз. Индивидуалната одлична партија на Јокиќ не беше доволна, на крајот српскиот центар постигна 33 поени. Марканен кај Финците постигна 28 поени.
Натпреварот беше своевидна вртелешка. Двете селекции се менуваа во водството. Првата четвртина подобро ја заврши Финска, а вториот квартал го доби Србија, која на полувреме замина со предност од 48-44.
Но Финците се вратија во третата, која ја добија со 18-24, па успеаја дојдат до предност пред последниот период во кој нашиот северен сосед не успеа да се врати во мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

