Чудо од дете: Ламин Јамал испиша историја во Лигата на Шампионите

Ламин Јамал се најде во стартниот тим на Барселона за вечерашниот дуел против Борусија Дортмунд, со што новиот бисер на Барселона продолжува да испишува нови страници во модерната историја на европскиот фудбал.

Така, Јамал денеска стана прв фудбалер што пред да наполни 18 години веќе одиграл 20 натпревари во Лигата на Шампионите, нешто што досега му нема успеано на никого во светот на фудбалот.

Ламин има 17 години и 18. роденден ќе го прослави на 13 јули. Негова прва средба во Лигата на Шампионите беше убедливиот триумф што Барса го забележа над Антверпен (5-0) на 19 септември 2003 година.

 

On 19 September, Yamal made his Champions League debut in a 5–0 victory over Royal Antwerp.[37]

Се вчитува...