Баер Леверкузен ја продолжи доминацијата во Бундес-лигата откако тимот предводен од Чаби Алонсо славеше со 0-2 на гостувањето против Фрајбруг, за скор од неверојатни 22 победи и четири реми во досегашните 26 рунди од елитното германско фудбалско друштво.
Денешниот триумф беше најавен со прекрасниот погодок што го постигна Флоријан Вирц веќе во втората минута од натпреварот. Фрајбург успеа да израмни, но Баер се врати во предност пред крајот на полувремето со голот што го постигна Хложек. Патрик Шик блесна на стартот од вториот дел со гол за 1-3, по што Фрајбург само го ублажи поразот, а Баер заслужено стигна до цел плен на овој натпревар.
На осум кола до крајот Баер Леверкузен има огромни десет бода предност во однос на Баерн Минхен, со што „фармацевтите“ се на добар пат да ја прекинат децениската доминација на баварскиот гигант во Бундес-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА