Чудо во ерата на Флорентино Перез: Реал Мадрид ова лето го заврши „во плус“

Европскиот првак Реал Мадрид остави зад себе многу чуден преоден рок, барем кога е во прашање периодот откако претседател на клубот е Флорентино Перез. „Кралевите“ ова лето го завршија „во плус“ од 80 милиони евра, и тоа никогаш претходно не се случило во ерата на Перез. Во 2012 година единствено беа на позитивна нула, без промени.

На „Сантијаго Бернабеу“ пристигнаа Тео Хернандез и Дани Себалјос за што се потрошени околу 45 милиони евра, но заработката од продажба е многу поголема.

Алваро Мората е продаден за 62 милиони евра, Сити за Данило плати 30 милиони, Маријано Дијаз замина во Лион за 8 милиони евра, а Баерн Минхен ќе плати 13 милиони евра за двегодишната позајмица на Хамес Родригез. Помалку познатите Диего Љоренте и Бургуи донесоа уште 3 милиони евра.

 

Се вчитува...