Чудо во Ерменија: Голманот на Ноах погоди од својот гол против грчки АЕК! (ВИДЕО)

Ерменскиот голман Огнен Чанчаревиќ, го постигна еден од најубавите голови во историјата на европсктие натпреварувања. Чуварот на мрежата на Ноах, екипа која играше и против Шкендија, погоди од својот гол, откако упати долга топка која го изненади голманот на АЕК, албанскиот интернационалец Томас Стракоша.

Во тие мигови тој донесе водство на Ноах од 2-1, а во финишот Ерменците дојдоа до победа и од 3-1 пред реваншот во Лигата на Конференции. Грчкиот тим АЕК во секој случај доживеа невиден срам, откако важеше за фаворит од овој натпревар. Освен голот, чуварот на мрежата имаше и асистенција.

Се вчитува...