Ајакс игра шокантна сезона во холандското првенство, но поранешниот европски првак конечно покажа знаци на живот со вечерашниот триумф над Волендам од 2-0. За длабочината на кризата на Ајакс најдобро говори фактот дека ова е само втор триумф сезонава, откако првиот беше забележан пред речиси три месеци, против Хераклес на мечот одигран на 12 август во Амстердам.
Оттогаш, Ајакс смени двајца тренери, влезе во серија катастрофални резултати, а по последниот пораз од ПСВ Ајндховен минатиот викенд падна на последното место на табелата.
Пред неколку дена на чело на екипата пристигна Џони ван де Шип, под чие водство конечно беше прекината црната серија, со триумф над Волендам со головите што во второто полувреме ги постигнаа Бергвајн и Акпом.
Ајакс со овој триумф го прескокна Волендам на табелата, но јасно е дека пред Ван де Шип и фудбалерите на овој тим е период на напорна работа за целосно да се побегне од долниот дел на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

